| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотресот на Лефкада го поместил островот

Земјотресот што во вторникот ја погоди Лефкада го поместил островот за 36 сантиметри, јавија грчките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во потресот загинаа две лица, а предизвика е и голема материјална штета.

97689192gyrbua_fs

Од земјотресот беа уништени и некои од најубавите плажи не само во Грција, туку и во светот. Повеќе тука.

Националната опсерваторија во Атина соопшти дека јонскиот остров се поместил кон југ, а горниот слој од почвата претрпел деформации до 20 сантиметри.

Во меѓувреме, сè уште траат последователните потреси. До доцна синоќа биле регистрирани околу илјада земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top