| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Поголемиот број од муслиманите имаат негативен став кон ИД

id
Поголемиот број од луѓето од државите со доминантно муслиманско население имаат негативен став кон Исламска држава, покажуваат резултатите од анкетата на американскиот истражувачки центар „Пју“ (Pew).Исклучок е само Пакистан, каде поголемиот број од анкетираните не искажале конкретно мислење за џихадистичката група.

Според анкетата, позитивно мислење за ИД не е поголемо од 15 проценти.

Либанците се најнегативно расположени кон ИД, речиси сто отсто, односно 98 проценти од  сунитите истакнале негативен став кон џихадистичката група, а шиитите и христијаните 100 проценти. Потоа следат Израел и Јордан, каде против ИД се изјасниле 97 односно 94 отсто од испитаниците.

Во Палестинските територии 84 проценти од испитаниците се изјасниле против ИД, а во Индонезија – 79. Потоа следи Турција, каде 73 отсто од анкетираните се изјасниле против ИД, осум проценти имаат позитивен став, а 19 проценти немаат став за џихадистичката група.

Во Нигерија 66 отсто од испитаниците негативно се изјасниле за ИД, во Буркина Фасо и во Малезија – 64. Но, во Малезија 11 проценти позитивно се изјасниле за ИД, додека во Сенегал 60 отсто од анкетираните не ја одобруваат ИД.

Во Пакистан 28 проценти од анкетираните негативно се изјасниле за ИД, 62 отсто навеле дека намаат мислење, а девет проценти ја поддржуваат џихаидистичката група.

Анкетата на „Пју“ покажува дека во Европа е присутна вознемиреност од заканата од ИД. Пред нападите во Париз на 13 ноември, 71 отсто од Французите изјавиле дека се многу вознемирени, во Шпанија нивниот процент изнесува 77. Во Германија 70 отсто од испитаниците изјавиле дека се вознемирени од заканата од ИД, а потоа следат Италијанците (69) и Американците (68).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top