Се чини дека Грција е затечена од фактот што иако во предлозите се користи географска одредница сепак во нив еден по друг се наредени зборовите „Република“ и „Македонија“ на што Грција се противи со години а Македонија инсистираше по секоја цена било која додавка да стои пред уставното име.
Дел од грчките аналитичари сметаат дека тоа не е проблем затоа што се работело техничко прашање кое има секундарно значење и тоа само во смисла на англиската граматика и не е поврзана со политичкиот аспект на проблемот.
Предходно Грција според неофицијални информации со години го одбиваше предлогот според кој едната страна треба да го одбере името, а другата страна редоследот на сложеното име.
Практично доколку Грција инсистира на гоеграфска одредница таа да стои пред уставното име Република Македонија а доколку Атина го бира редоследот Македонија може да избере политички термин како демократска или независна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!