| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштва на полицајците од Париз: Беше како во пеколот на Данте, неподнослива миризба и тишина

Терористите од Париз, кои во салата Батаклан држеле 20 лица како заложници, дури петпати разговарале со полицајците пред тие да влезат во салата и да ја завршат акцијата.

Pariz, 13.11.2015 - U nizu teroristickih napada ubijeno najmanje 120 ljudi

Двајца бомбаши самоубијци се заканувале дека ќе ги обезглавуваат заложниците и секои пет минути по едно обезглавено тело ќе фрлаат преку прозорец доколку полицијата не се повлече. Терористите ги мачеле луѓето барајќи од нив на глас да кажат дека се согласуваат со масакрот за да го почувствуваат истиот страв како и луѓето во Сирија.

Овие застрашувачки детали излегоа на виделина по сведоштвата на неколкумина полицајци што учествувале во акцијата.

Разни полициски екипи пристигнувале на местото, а во 22.15 часот во салата влегла елитната антитерористичка единица, која затекла само темница и тишина, која била на моменти прекинувана од звуците на мобилните телефони на луѓето што се преправале дека се мртви.

-Кога влеговме внатре беше многу мрачно. Десетина тела лежеа едно преку друго, мртви, ранети, преживеани…Беше како пеколот на Данте. Миризбата беше невозможна, тишината неподнослива. Изгледаа како зомбија – вели еден од полицајците за „Ле Монд“.

Полицајците почнале да се качуваат по скалите за да проверат дали има уште терористи, минувајќи преку тела и чаури, додека преживеаните полека ги кревале главите од подот на кој биле легнати.

bataklann

– Беа во многу лоша состојба и едвај можеа да одат – додаваат полицајците.

Набрзо почнало да им се укажува помош на повредените, но продолжила и потрагата по терористите. Од последната врата полициските екипи слушнале глас на заложник, кој бил пратен од терористите да преговара.

-Викаше дека терористите уште се таму и дека сè ќе кренат во воздух ако се обидеме да ја отвориме вратата – вели еден од полицајците.

Таму навистина имало уште терористи кои држеле 20 заложници, меѓу кои и Себастијан – херојот кој ја спаси бремената жена што висеше на прозорец. Терористите се согласиле да преговаарт телефонски, но ниту неколкуте разговори во следните 50 минути не донеле поместување на ситуацијата. Наредено било екипите да влезат во просторијата. Пуштена била димна бомба, по што полицајците влегле во просторијата, а терористите веднаш почнале да пукаат. На неколку полициски штитови пронајдени се дури 30 куршуми од „калашников“.

Кога сите заложници биле извлечени од просторијата на сигурно, полицијата почнала да пука и погодила еден од терористите, додека вториот ја активирал бомбата која ја имал на себе и така ги убил двајцата. Целата акција траела околу три минути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top