| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Тасевски: Само имбецили, мизерни креатури и пирани може да ѝ речат браво на Дунавка

Дунавка Трифуновска откако направи своевиден „камбек“ во македонскиот интернет-етер  користејќи го „Фејсбук“ за „лична промоција“  и напади врз јавни личности, меѓу кои прв на листа се најде  Игор Џамбазов, предизвика низа реакции и стана еден вид „забава за народот“. (тука можете да прочитате повеќе вести  за  Дунавка ).

тасевски насловна

Последниот во низа кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ се огласи по повод „феноменот“ Дунавка е актерот  Сашо Тасевски, кој  во својата порака напиша:

– Ај вака, за Игор Џамбазов и за тие што стојат зад навредите што му ги упати Дунавка.
Не ми е јасно како можете до толку да не правите разлика меѓу тежината и навредливоста на две изјави. Можно ли е да сте толку слепи. Игор само го прокоментира нејзиниот настап на релативно суптилен начин и толку. И што доби од другата страна? Најниски простачки навреди, кои се однесуваа на неговото здравје, на неговиот живот, на неговата кариера, на целиот негов професионален и приватен животен опус. Настрана фактот што таа на Игор не му е ни до колена во која било смисла, со сите мани што ги има Игор. И сите вие кои велите БРАВО ДУНАВКА за она што му го рече на Игор, не сте ништо повеќе од неа, туку мизерни креатури и пирани.
И да појаснам уште еднаш, оти не верувам дека сте разбрале. Дозволено е некого да критикуваш за неговиот јавен настап, зашто е јавен, ама ако во таа критика почнеш да го чепкаш неговото здравје, неговата некогашна сопруга, фамилијата што ја загубил вака или така, ТОА Е ПРОСТОТИЛАК и ништо друго. Па уште ако не си на исто рамниште со тој човек, тогаш си имбецил.

сашо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top