Дунавка Трифуновска откако направи своевиден „камбек“ во македонскиот интернет-етер користејќи го „Фејсбук“ за „лична промоција“ и напади врз јавни личности, меѓу кои прв на листа се најде Игор Џамбазов, предизвика низа реакции и стана еден вид „забава за народот“. (тука можете да прочитате повеќе вести за Дунавка ).
Последниот во низа кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ се огласи по повод „феноменот“ Дунавка е актерот Сашо Тасевски, кој во својата порака напиша:
– Ај вака, за Игор Џамбазов и за тие што стојат зад навредите што му ги упати Дунавка.
Не ми е јасно како можете до толку да не правите разлика меѓу тежината и навредливоста на две изјави. Можно ли е да сте толку слепи. Игор само го прокоментира нејзиниот настап на релативно суптилен начин и толку. И што доби од другата страна? Најниски простачки навреди, кои се однесуваа на неговото здравје, на неговиот живот, на неговата кариера, на целиот негов професионален и приватен животен опус. Настрана фактот што таа на Игор не му е ни до колена во која било смисла, со сите мани што ги има Игор. И сите вие кои велите БРАВО ДУНАВКА за она што му го рече на Игор, не сте ништо повеќе од неа, туку мизерни креатури и пирани.
И да појаснам уште еднаш, оти не верувам дека сте разбрале. Дозволено е некого да критикуваш за неговиот јавен настап, зашто е јавен, ама ако во таа критика почнеш да го чепкаш неговото здравје, неговата некогашна сопруга, фамилијата што ја загубил вака или така, ТОА Е ПРОСТОТИЛАК и ништо друго. Па уште ако не си на исто рамниште со тој човек, тогаш си имбецил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.