Француските наставници преку стрип во кој Ајфеловата кула плаче, им помагаат на малите деца да го разберат она што се случи за време на нападите минатиот петок во Париз, во кои загинаа најмалку 129 лица, пренесува „Ројтерс“.
Цртежот на ожалостената Ајфелова кула која држи за раце мали деца и вџашено гледа во локва крв, се појави во специјалното издание на француското списание за деца „Астрапи“, што на најмалите им објаснува, како мажи исполнети со омраза ги извршиле нападите.
– Она што го знаеме е дека тие се терористи, луѓе кои користат насилство и терор, за да ги наметнат своите идеи, се вели во текстот на онлајн флаерите, насочени кон најмалите деца. Првото нешто што го чувствуваме, е страв. И за да не остане тој страв внатре во нас, треба да зборуваме за тоа, продолжува текстот.
Во него се вклучени и коментари од деца. „Можат ли терористите да влезат дома?“, прашува 7 годишниот Антоан. „Дали е вистина дека Франција е во војна?“, прашува 8 годишната Џули.
Министерството за образование на социјалната мрежа „Твитер“ го објави цртежот на кој е насликан најпознатиот француски споменик, го вклучи онлајн изданието во материјалите кои ги подели на наставниците за да зборуваат со децата за настаните на 13 ноември.
Во исто време француското издание „Mon Quotidien“, насочено кон поголеми деца (помеѓу 10 и 14 годишна возраст), покажа мапа на Блискиот Исток, која покажува кои делови на Сирија и Ирак се окупирани од „Исламска држава“.
Франција не вклучува веронаука во државното образование, политика која наидува на критики во некои области, дека развива недоверба и страв од муслиманската заедница во најголемата земја во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.