| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден напад во Франција: Наставник Евреин е избоден со нож од поддржувачи на ИСИС

Наставник од еврејско потекло вечерва беше избоден со нож од три напаѓачи во Марсеј. Француската полиција овој напад го окарактеризира како антисемитизам.

Напаѓачите прво му пришле на наставникот на два скутери. Тие го навредувале и физички малтретирале наставникот, по што го раниле во рацете и во нозете. Бидејќи се приближил автомоби, напаѓачите избегале од местото. Наставникот е надвор од животна опасност.

Еден од напаѓачите имал маица со Исламската држава.

Потоа тие извикувале антисемитистички пароили и изјавиле поддршка за џихадистите.

Нападот се случил околу 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top