Претседателот на САД, Барак Обама, не ги крие кошаркарските страсти кон Чикаго Булс. Обама повторно ја отвори темата за неговиот омилен спорт во интервју за Бил Симонс и едно од најпопуларните магазини во светот „GQ“. Обама призна дека со задоволство би застанал во улога на генерален менаџер на тим од НБА.
– Апсолутно да, гласи одговорот на Обама на прашањето дали би сакал да е дел од раководството на тим од најпопуларното кошаркарско првенство во светот.
Претседателот на САД, додаде дека би се радувал да раководи со биковите, но додава дека актуелното раководство на Џери Рејнсдорф, одлично се справува.
– Знаете дека добро го познавам Рејнсдорф. И можам да ви кажам дека тој не би се разделил со функцијата наскоро. Но ќе признаам дека сум фантазирал колку големо задоволство би ми претставувало да направам тим. Би било неверојатно, изјави Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.