Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес во амбасадата на Република Франција во Македонија се потпиша во книгата на жалост која е отворена по повод терористичките напади во Париз во кој животот го загубија и беа ранети голем број на недолжни граѓани.
Премиерот Груевски веднаш по терористичките напади испрати и телеграма со сочуство до својот француски колега во која истакна дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи, напиша Груевски додавајќи дека потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски