Култна американска семејна комедија од 1990 година „Сам дома“ оваа година ја одбележува 25-годишнината од првото прикажување.
Кевин Мекалистер, кој го глумеше Меколи Калкин, е момче што со семејството се подготвува за патување во Франција каде што ќе ги поминат божикните празници.
Брзањето околу финалните подготовки во семејната куќа не го засега флегматичниот Кевин, кој не успева да го привлече вниманието на ниту еден член од семејството. На крајот останува заборавен и сам во куќата што од прва никој и не го забележува.
Тогаш на сцената стапуваат Хери (Џо Пески) и Марв (Даниел Стерн), крадци на кои специјалност им е „олеснување“ на богаташите за време на празниците. На нивната листа е и куќата на семејството Мекалистер, но тука е првично исплашениот Кевин, кој набрзо си доаѓа на себе и подготвува одбрана на својот дом поставувајќи голем број стапици за несаканите гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура