| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбата што го урна рускиот авион не била во просторот за багаж

bombata-svalila-ruskiq-samolet-v-egipet-e-bila-v-pytnicheskiq-salon-339183

Бомбата што го урна рускиот авион во Египет минатиот месец, била поставена во патничкиот дел на авионот, а не во багажниот простор, како што беше објавено претходно, објави весникот „Комерсант“.
Весникот се повикува на неименуван извор близок до истрагата. Епицентарот на експлозијата очигледно бил во задниот дел на кабината, во близина на опашката. Според првичните верзии, бомбата може да била поставена под седиште до прозорецот. Експлозијата довела до уништување на рамката и до распарчување на кабината, забележува весникот.
Сите 224 патници загинаа. Претседателот Владимир Путин вчера вети дека одговорните за нападот ќе бидат фатени и дека ќе ги засили воздушните напади против џихадисти во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top