Легендата на Формула 1 Џеки Стјуарт по изјавите на Жан Тод, Мика Хакинен, и Берни Еклстоун ја искористи шансата да се изјасни за здравствената состојба на седумкратниот поранешен шампион Михаел Шумахер.
Трикратниот светски првак во формула 1 призна дека не би сакал да биде во кожата на Шумахер кој речиси две години се бори со тешки повреди на главата со кои се здоби во несреќа при скијање.
Официјални информации за состојбата на седумкратниот светски шампион во Ф1 сè уште нема, но досега е познато дека Германецот не може да зборува, ниту пак да се движи. Наводно, за него се грижат 15 луѓе, а за неговото лечење досега се потрошени повеќе од 10 милиони фунти.
– Како што разбрав, Михаел сè уште не може да функцонира и за него се грижи мала армија на луѓе. Да сум јас на негово место, би сакал да ме исклучат од апаратите за одржување во живот. Ова е навистина тешка ситуација за целото семејство, а особено за неговата сопруга – заклучи легендарниот возач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.