СДСМ води кампања, која е нарачана и платена, во која треба секој ден да го напаѓаат Министерството за здравство и мене, нагласи министерот за здравство Никола Тодоров во емисијата „Од наш Агол“ на МРТ1, каде со конкретни бројки направи споредба на состојбата во здравството во минатото и сето она што е направено во изминативе години.
– СДСМ води кампања, која е нарачана и платена, во која треба секој ден да го напаѓаат Министерството за здравство и мене. Тоа го процениле политички. Секој ден по секоја цена тие си ја тераат нивната кампања- посочи Тодоров.
Со тоа, подвлекува се врши и психолошки притисок и врз пациентите и се напаѓаат институциите , се креираат негативни односи и негативна енергија внатре во системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.