| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту доктор, ниту пациент не смеат да се однесуваат спротивно законот

nikola todorovСекој во оваа држава знае дека ниту докторот не може да се однесува спротивно на законот, а ниту пациентот може да се однесува спротивно на законот и да го нападне докторот, подвлече министерот за здравство Никола Тодоров на вечерашното гостување на емисијата „ Од наш агол“ на МТВ.

-И едните и другите треба да работат во околина во која што меѓусебно ќе се почитуваат, пациентот да го почитува докторот,а докторот пациентот, заклучи Тодоров, а тоа подразбира баланс меѓу правата и обврските на докторите и пациентите.

Министерот зборувајќи за немилите случувања во Гевгелија и во скопската Клиника, истакна дека екстремите на поединци по дефиниција не се добри и истите треба да се избегнуваат, а она што е најбитно е дека екстремите не се дефиниција на системот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top