Скопјанец си го убил другарот бидејќи тој му се заканувал и сакал да има секс со неговата сопруга. Убиството се случило околу 2 часот по полноќ, во куќата на 46-годишниот скопјанец С.Б. на улицата „Охридска“.

Откако двајцата консумирале алкохол, 50-годишниот Н.Х. му се заканил на С.Б. и барал да има секс со неговата сопруга.
Под дејство на алкохол, С.Б. со тврд предмет неколку пати го удрил по главата Н.Х., по што тој починал.
С.Б. за убиството сам се пријавил во полициска станица, по што е приведен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


