| четврток, 6 декември 2018 |

Новата насловна страница на „Шарли ебдо“ по повод масакрот во Париз (фото)

Парижаните, Французите, целиот свет, всушност, закрепнува по првичниот шок по незамисливото дивјаштво со кое терористите удрија врз цивилизираниот начин на живот, на радост, на песна, танц и на уживање.

charlie1_960555S1

И додека солзите на лицата сè уште не се исушиле, се јавува друго чувство – пркос!

Како што водителот на ХБО Џон Оливер одлично забележал: „Се борите против културата и начинот на живот на една Франција? Па е*ено со среќа! Немате никаква шанса!“

И насловната страница на новиот број на контроверзниот хумористичен магазин Шарли Ебдо покажува дека францускиот начин на живот наспроти големата трагедија, не е ниту чепнат.

Карикатурата прикажува човек погоден со куршуми, кој, наспроти тоа, не застанува со танц, песна и, секако, шампањско, кое тече од неговите рани.

Текстот до карикатурата вели: Тие имаат оружје. За*би ги нив. Ние имаме шампањско! Затоа што кој и да се обиде да удри на француската „радост за животот“  веднаш во старт е осуден на пропаст.

насловна шарли

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top