Парижаните, Французите, целиот свет, всушност, закрепнува по првичниот шок по незамисливото дивјаштво со кое терористите удрија врз цивилизираниот начин на живот, на радост, на песна, танц и на уживање.
И додека солзите на лицата сè уште не се исушиле, се јавува друго чувство – пркос!
Како што водителот на ХБО Џон Оливер одлично забележал: „Се борите против културата и начинот на живот на една Франција? Па е*ено со среќа! Немате никаква шанса!“
И насловната страница на новиот број на контроверзниот хумористичен магазин Шарли Ебдо покажува дека францускиот начин на живот наспроти големата трагедија, не е ниту чепнат.
Карикатурата прикажува човек погоден со куршуми, кој, наспроти тоа, не застанува со танц, песна и, секако, шампањско, кое тече од неговите рани.
Текстот до карикатурата вели: Тие имаат оружје. За*би ги нив. Ние имаме шампањско! Затоа што кој и да се обиде да удри на француската „радост за животот“ веднаш во старт е осуден на пропаст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)