Британските авиони удрија по позиции на групата „Исламска држава“ (ИД) во Ирак, јави „Интерфакс“.
Борбени авиони на Кралските воздухопловни сили (ВВС) нападнаа група од околу 30 џихадисти во северен Ирак, кои воделе борби со курдската милиција.
Погодени се објекти во близина на ирачкиот град Мосул и на градот Синџар.
Денес, премиерот Дејвид Камерон изјави дека неговата влада има развиено сеопфатен пристап во борбата против „ИД“. Тој ги повика пратениците да го поддржат евентуалниот предлог на кабинетот, за операција на британските воздухопловни сили и во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.