Основачот на списанието „Плејбој“, легендарниот Хју Хефнер, го прослави 87. роденден.
Тој организираше тематска забава, на која со својата 26-годишна сопруга Кристал и со пријателите, по кој знае кој пат, го гледаше неговиот омилен филм „Казабланка“.
– Го прославив роденденот со пријателите и го гледавме Казабланка. Ова се среќни денови за мене – напиша славеникот на „Твитер“.
На двојката им се придружија повеќе од 50 гости, вклучувајќи ги и неизбежните зајачици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.