| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот одговори на барањата и потребите, десетчленото семејство доби стан

Илбер Демо ја искористи посетата на премиерот Никола Груевски во Охрид и од него побара решавање на станбениот проблем. Неговото семејство, сочинето од него, неговата сопруга и нивните осум малолетни деца, 15 години помина во дрвена барака, без вода и без струја. Во дотраената барака на улицата „Железничка “ семејството го демнеше опасноста од уривање.

По налог на премиерот, нивното станбено прашање експресно е решено. Од денес десетчленото семејство почнува нов живот во 45 квадратен стан во Охрид. ­

Според податоците на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и со деловен простор уште шест охридски семејства, кои живеат во супстандардни услови чекаат вдомување, а нивниот проблем ќе биде решен до Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top