| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирани сите ресторани „Мекдоналдс“ во Киев

evakuiraha-vsichki-restoranti-makdonalds-v-kiev-zaradi-bombeni-zaplahi-338904

Поради закана за бомби, евакуирани се сите дваесет ресторани од американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ во украинската престолнина Киев.
Заканата била упатена по телефон кон локалните безбедносни органи, кои сега темелно ги проверуваат рестораните.
Денеска имаше закана за бомби и во две метро-станици, но тие се покажаа неосновани.

Во последните денови сличен телефонски тероризам започна во Украина. Вчера, поради закана за бомба беше евакуиран трговски центар во Харков , а на 15 октомври беше евакуиран ресторан во Полтава, исто така поради закана за бомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top