Баражот за Европското првенство во 2016 година, уште еднаш се покажа како кобен за репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Избраниците на селекторот Баждаревиќ се елиминирани во бараж дуелите со селекцијата на Ирска со вкупен резултат 3-1. Првиот меч во Зеница заврши без победник 1-1, додека во реваншот во Даблин домаќините победија со 2-0 и заслужено се пласираа на ЕП 2016 во Франција.
Најдобриот босански фудбалер Един Џеко беше разочаран по елиминацијата и таквиот епилог го бараше во редовите на неговата репрезентацијата. Тој беше самокритичен и потенцираше дека БиХ одигра најслабо кога беше најпотребно.
– Не може да добиете натпревар на кој не играте фудбал, а ние во Даблин не игравме фудбал. По ждребот слушав како сме поквалитетни од Ирците, како сигурно ќе одиме на ЕП… Силни сме на зборови, но за жал на терен не го покажуваме тоа. Не заслуживме ништо повеќе од овој пораз, без оглед што судијата им беше наклонет на домаќините. Најмногу ми е жал за навивачите, кои дојдоа до овде за да ни дадат поддршка, а ние не одигравме буквално ништо – изјави Џеко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делегација на Советот на министри на БиХ утре во посета на Македонија
-
Џеко испиша историја: Босанецот има постигнато по 50 погодоци во три од „Топ 5“ првенствата во Европа
-
Колку колачи изеле мама и тато – Одговорот на овој ученик од Босна го насмеа Балканот (фото)
-
Во Босна и Херцеговина ќе патуваме само со лична карта