Ракометниот клуб Барселона не остава ништо на случајноста и веќе размислува за играчкиот ростер за следната сезона.
Каталонскиот гигант и актуелен европски шампион, е во завршни преговори со левиот бек на Шамбери каде тренер е македонскиот селектор Ивица Обрван, Тимотеј Нгесан. Тој важи за еден од најперспективните млади играчи во светот и Барса ќе се обиде да го договори трансферот до крајот на овој месец откако за услугите на Французинот заинтересираност искажаа и неколку германски клубови.
Во ситуација кога тимот што лани стана европски првак го напуштија Карабатиќ и Рутенка, а Филип Јиха се покажа како неадекватна замена поради честите повреди, каталонците настојуваат повторно да состават моќна бековска линија за следната сезона. Од Жалуз, кој блесна против Вардар, се очекува поголема константност во формата, а конкуренцијата дополнително ќе биде засилена со Нгесан, чиј трансфер според француските медиуми би можел да биде официјализиран до крајот на овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.