Битолчани утрово почувствуваа земјотрес околу 8 часот и 10 минути. Станува збор за т.н. хоризонтален земјотрес, кој најдобро се воочува заради нишањето на лустерите во домовите.
Епицентарот бил во соседна Грција, а земјотресот таму бил со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала.
Според прелиминарните податоци на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот се случи во 9.10 часот по локално време (8.10 часот по средоевропско време) во крајбрежниот појас на 11 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од само пет километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.