| четврток, 6 декември 2018 |

Адел: Штом се расплачам кога првпат изведувам песна, знам дека имам хит

По пауза од четири години, поп пејачката Адел се врати на сцената на голема врата.

adele(1)

Со новата песна „Хелоу“ ги надмина сите рекорди, која ќе се најде на нејзиниот нов албум „25“. Како што тврди Адел, кога ќе се расплаче на прво слушање на песната, тоа значи дека истата ќе биде огромен хит.

– Штом се расплачам додека пеам, кога целосно ќе ме обземат емоции на снимањето, тогаш знам дека имам вистинска песна, објасни Адел.

Британската пејачка многу води сметка за песните кои треба се најдат на нејзините албуми. Затоа за последниот албум чекала четири години, што на крајот се покажа како вистински потег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top