Групата „Исламска држава“ објави видео запис, во кој нејзин борец во Ирак се заканува со напади во Вашингтон, слични на оние во Париз од минатата седмица.
Видео записот е со должина од речиси 12 минути и покажува борци, кои се радуваат за петочните напади во Париз, во кои беа убиени 129 лица, и ги повикуваат муслиманите во Франција да „палат и убиваат војници и тирани“.
Еден од борците вели дека муслиманите треба да нанесуваат напади во земји од Западот, зашто коалицијата предводена од САД нанесува напади врз ИД во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Вонредна состојба во Вашингтон: Ураганот Флоренс се приближува кон САД
-
Трамп го кани Путин на есен да го посети Вашингтон
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија