Авиони на меѓународната коалиција, предводена од САД, во еден ден, уништиле 116 цистерни со нафта, на џихадистите од Исламска држава (ИД), соопшти во Вашингтон американското Министерство за одбрана.
Нападот бил извршен вчера, во реонот на сирискиот град Албу Камал, во источниот дел од земјата, што се наоѓа под контрола на џихадистите.
Коалициските сили и досега ги бомбардираа цистерните со нафта, што се во посед на ИД, но ова е досега најголемото количество нафта, што е уништено при еден авионски напад.
„Црниот пазар“ со нафта се верува дека е најзначајниот извор за финансирање на џихадистите и нивните терористички операции.
Безбедносни експерти веруваат дека околу половина милијарди долари годишно, ИД добива од нафтената индустрија, на територијата што џихадистите ја имаат под своја контрола во Сирија и во Ирак.
Претставник на Пентагон изјави дека нападот во Албу Камал е дел од стратегијата на меѓународната антиИД коалиција, за прекинување на изворите за финансирање на џихадистите и нивните операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.