| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Некои од земјите на Г-20 ја финансираат Исламска држава

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Русија поседува докази кои укажуваат како 40 држави ја финансираат Исламска држава, а дел од нив се и членки на групата Г-20.

Russian President Putin speaks at a news conference after an EU-Russia Summit in Brussels

Путин на самитот на Г-20 кој се одржува во Турција наведе дека постојат докази за финасирањето и дека итно треба да се прекине со трговијата со нафта од што Исламска држава добива огромни приходи.

-Им покажав на моите колеги фотографии од сателити и од руските авиони од кои се гледа колкаво е количеството на илегална трговија со нафта, рече Путин.

Тој истакна дека моментално не е време да се зборува “која земја колку придонела во борбата против Исламска држава“ туку со заеднички сили да се реши проблемот со терористите.
-Потребна е поддршка од САД, европските држави, Саудиска Арабија, Турција и Иран, рече Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top