Педесет и две годишниот Ѓ.Ш. вработен како референт во Дирекцијата на УЈП во Тетово денеска околу 10 часот бил физички бил нападнат од Р.И.(47) од Тетово додека бил во својата канцеларија, информираше портапаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоввски.
Според неговите податоци, Р.И. започнал куса вербална расправија околу нерегулирани даночни обврски на неговиот брат по што го нападнал рефернтот на УЈП, удирајќи го со шлаканица по лицето при што му ги оштетил очилата и му нанел видливи повреди на лицето.
Веднаш по инцидентот случајот бил пријавен во Полициската станица Тетово по што за кусо време Р.И. бил пронајден и приведен од полициски службеници на СВР Тетово.
По извршениот разговор со него и по целосно расчистување и документирање на случајот Р.И. ќе се соочи со соодветен поднесок, најави Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство