Легендарниот хрватски кошаркар, Жан Таба,к од денеска е нов тренер на кошаркарскиот гигант Макаби.
Тој досега беше помошник-тренер на Пабло Ласо во Реал Мадрид, каде што заедно ги освоија титулите во сите натпреварувања минатата година.
Табак доаѓа на клупата на грогираната „Гордост на Израел“ по катастрофалните резултати во Евролигата и има само една победа. Договорот на Табак е со важност до крајот на сезоната со можност да биде продолжен на уште една сезона.
Макаби е четвртиот клуб кој Хрватот ќе го води самостојно по Гирона, Трефл Сопот и по Лаборал Куча, а во два наврати беше помошен тренер во Реал. Своето деби на новата позиција ќе го има в четврток, во дербито против ЦСКА Москва на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)