| четврток, 6 декември 2018 |

Нови пунктови на Брза помош во Петровец и во Сарај

Во овој момент, Здравствениот дом Скопје располага со 25 тимови на Итна медицинска помош.

Една поголема сообраќајна незгода да се случи и веќе половина од тимовите се упатени на едно место и остануваат само три тима кои треба да покријат 800.000 жители.

Според Тодоров, ова имплицира на сериозен недостиг на ресурси, и е во директна корелација со брзината и квалитетот на услугите на итната медицинска помош.

-Согледувајки го проблемот со недостигот од ресурси, донесовме одлука во претстојниот период да овозможиме вкупно 75 нови вработувања во Здравствен дом Скопје, и тоа: 35 доктори, 20 медицински сестри и 20 возачи, со кои сериозно кадровски ќе ја зајакнеме оваа служба. Дополнително, ќе набавиме и 12 нови, најсовремени амбулантни возила за транспорт на пациентите – рече министерот.

Токму во таа насока, донесена е одлука да се отворат нови пунктови за Итна медицинска помош во Петровец, Сарај и во Чучер Сандево.

– Во примерите што веќе ги споменав – во Катланово побрзо ќе пристигне екипата ако доаѓа од пункт во Петровец отколку како досега, во Ченто, а во населените места кај Групчин побрзо ќе пристигне екипа од пункт во Сарај – додаде.

Досега до таму се чекаше Итна медицинска помош од Ѓорче Петров.
Ова е многу значајна мерка имајќи предвид дека службата за Итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје е прва линија на давање итна и 24-часовна здравствена заштита во делот на ургентна вонболничка медицина за потребите на населението на град Скопје, како и поголем број околни населени места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top