| четврток, 6 декември 2018 |

Немилите настани предвидени од астрологот Симеон пред еден месец

симе
Терористички напади во Париз, земјотрес од 7 степени според Рихтер во Јапонија и најaва за цунами-бран кој е последица на силниот земјотрес… Петок 13-ти го обележаа потресни вести
Нашиот реномиран астролог Сименон Атанасоски сето тоа го предвидел пред еден месец и го објавил на својот фејсбук-профил на 18-ти октомври.
-Оваа неповолна недела за земјотрес, авионски пад и за тероризам беше предвидена речиси пред еден месец, а објавена беше на сајтот за ведска астрологија asvedic и реобјавена на Фејсбук на мојот профил. Повеќето откажани летови можеби ја ублажија оваа исклучитлно неповолна недела на мундано поле во светот. Предвидувањата за овие настани беа објавени пред еден месец. Спомнав дека треба да се донира свесност за мир и за надминување на овој тежок период, како во светот така и кај нас. Сочувство до семејствата на жртвите- порача Симеон Атанасоски на својата интернет-страница asvedic.com.
симе2
Инаку, нашиот астролог е познат во јавноста по многубројните прецизни предвидувања од областа на мундана астрологија, кои се однесуваат и на случувањата во Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top