Херојот на масакрот во Париз се фрли пред куршум за да го спаси животот на жена која моментно се бори за својот живот во болница.
Во целиот хаос и во крвопролевањето за време на терористичкиот напад во Париз, група пријатели уживале на роденденска вечера во ресторанот „Ла Бела Екипе“ кога Лудо Бумбас се фрлил пред фанатичниот убиец наспроти дожд од куршуми и така спасил еден живот жртвувајќи го својот.
Неговите пријатели ден по масакрот решиле да ѝ одадат чест на несебичната храброст на Лудо.
Неименуван извор за „Дејли мејл“ изјавил дека Лудо се фрлил пред девојката за да ја заштити од куршумите.
-Куршумот требаше да ја погоди, но Лудо несебично се фрли пред неа. Девојката преживеа и сега е во болница. Тој сакаше да патува по светот, но најмногу ги сакаше луѓето. Тој едноставно беше еден од оние ретки искрени луѓе. Немаше шанса против напаѓачите“ – кажал изворот.
Лудо бил на роденден кај келнерката Худа Сади, кога се појавиле терористите со панцири.
Худа и нејзината сестра не го преживеале нападот во ресторанот во кој животот го загубиле 19 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников