| четврток, 6 декември 2018 |

Како нападите во Париз ќе го променат светот?

parizzzz_1000x0

По серијата синхронизирани напади на ИСИС на француската престолнина, во која загинаа 129, а се повредени повеќе од 350 луѓе, Франција ги затвори границите, а улиците на Париз се пусти. Што ќе следува понатаму?

Француските служби за безбедност капитупираа втор пат за 11 месеци. По нападите на редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ и на еврејскиот маркет на 7 јануари ИСИС уби 17 луѓе. Билансот од петокот е многу поголем, анализира српски „Блиц“.

Џихадистите најавија дека ќе нападот во Париз е само почеток и дека ќе следуваат нови удари ширум Европа.

Додека се пребројуваат жртвите, веќе се поставува прашањето: Што ќе се случува понатаму?

Првата работа која речиси е неизбежна е антимигратското расположение што ќе завладее низ Европа.

По терористичките наоди кои ги извршија џихадистите злоупотребувајќи го името на Алах, ќе расте анимозитетот кон муслиманите.

ВО овој случај најмногу би можеле да бидат засегнати мигрантите, затоа што не е невозможно европските земји да ги затворат границите и да им се скрати помошта и азилот на бегалците.

На тоа би се надоврзал растот на поддршката на десничарските политички опции, пред сѐ на Националниот фронт во Франција со што нивниот лидер Марин Ле Пен ќе стане сериозен конкурент за нов претседател на изборите во 2017 година.

Ле Пен ја повика Франција да ги прогласи за незаконски исламстичките организации, да ги затвори радикалните џамии и да ги протера „проповедниците на омраза“, како и илегалните доселеници, да го укине француското државјанство на исламистите со двојни државјанства и да ги депортира од Франција.

Ле Пен во саботата не ја спомна бегалската криза, но претходно рече дека се противи на прифаќање нови бегалци или мигранти. Ако за две години победи на претседателските избори, скоро е извесно дека од Франција ќе направи нова Унгарија и дека на бегалците ќе им забрани да влегуваат во Франција.

Не е исклучено Франција како американски сојузник и член на НАТО заедно со САД да ги интензивираат воздушните напади на ИСИС во Сирија и Ирак, па дури и да испратат копнена војска на терен.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ уште пред нападите во Париз беше испратен на Блискиот Исток каде треба да стигне на 18 ноември.

Во првата деценија од 21 век светската бабарога број 1 беше Ал каеда на чело со Бин Ладен, а денес тоа е ИСИС под водство на Абу Бакр ал Багдади. Дали ќе се повтори сценариото, кое и покрај нападите на Светскиот трговски центар зависи доста и од Русија, чија војска засега го води главниот збор во завојуваното подрачје на Блискиот Исток?

Слично размислува и словачкиот премиер Роберт Фико, националист на левиот центар, кој исто така се противи на мигрантските квоти.

– Имаме две верзии на нападот: радикализација на муслимаските делови на француското население како одмазда за француското учество во нападите на ИСИС, или уфрлување на луѓе од ИСИС меѓу мигрантите кои стигнуваат во Европа – вели Фико и додава дека се надева дека „на некои луѓе сега ќе им се отворат очите“.

Во Италија весникот на десниот центар „Либеро“ на саботната насловна страница објави наслов „Исламски к…… синови“.

Водачот на националистите од Северна лига, Матео Салвини, предупреди на верска радикализација на доселениците и на нивните деца и повика на затворање на европските граници.

– Имигрантите надвор од контрола не придонесуваат за безбедноста. Се разбира, ако се покаже дека терористите се втора, трета или четврта генерација , тоа е уште полошо затоа што значи дека исламот не е компатибилен и не е споив со демократијата – рекол Салвини.

Германската канцеларка Ангела Меркел, која веќе долго е под притисок од своите демохристијани поради политиката на отворени врати кон бегалците, по нападите во Париз претрпе уште една сериозна критика од сопствените реодив.

Сега цела ЕУ чека реакција од најмоќната политичарка.

– Париз промени сѐ. Меркел треба да признае дека неограниченото отворање граници беше грешка, изјави баварскиот министер за финансии, Марис Зедер, член на сестриската партија на Меркел ЦСУ.

Ако Меркел под притисокот на ситуацијата ја промени политиката кон бегалците и Германија ги затвори границите, неизбежен е домино ефект затоа што тој потег би го следеле и останетите членки на ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top