До сега имавме можност да видиме само делови од емисијата, но неодамна на Јутјуб конечно се појави цела снимка на „Максовизија“, кога во дамнешната 1998 година заедно во студиото се најдоа двете вечни ривалки Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.
Покрај нив во студиото беа и децата на Цеца Вељко, кој тогаш беше на вораст од година и пол и Анастасија која имаше само 29 дена. Тука беше и сестрата на Цеца Лидија, како и нејзиниот сопруг Жељко и неговите три деца.
Неверојатно е да се погледне како некогаш пејачките беа во одлични односи, а особено кога Јелена за Цеца имаше само пофални зборови:
Јас неа ја сакам, навистина ја сакам…како пејачка, како некој мој идол…и како човек, многу е симпатична и пријатна“, беа тогаш зборовите на Карлеуша (на снимката 36:50)
Овде можете да ја погледнете целата емисија:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.