Во дербито во првата македонска кошаркарска лига еден од аспирантите за титулата екипата на Куманово славеше на жешкиот терен во „Градски парк“ против Работнички убедливо со 82-64.
Иако почетокот не го навестуваше тоа, бидејќи Работнички беше подобар противник во првите 15 минути кога имаше и предност од 10 поени разлика, сепак до крајот кошаркарите на тренерот Љубисав Луковиќ благодарејќи на подолгата и поквалитетна клупа успеаја да слават.
Овој натпревар го одбележа прекинот на мечот на крајот од третиот период кога гостинскиот тренер при реакцијата на делегатот на средбата за да се смират домашните навивачи, се пожали на удар во окото по фрлен предмет од трибините.
Откако Луковиќ кој и е добро познат на скопската публика со честите испади и инциденти не дозволи лекарска интервенција од двете екипи се повлече во соблекувалната и не се појави до крајот на мечот.
Во тој период од мечот Куманово имаше предност од 10 поени разлика и до крајот рутински ја одигра последната четвртина со неколку рафални стрелби за три поени и воопшто не го доведе во прашање победникот.
Урош Луковиќ со 20 поени и 10 скока беше најдобриот поединец во победничкиот тим, Ентони Ли Инграм реализира 18 додека Марјан Јанески постигна 11 поени. Кај Работнички Стојан Ѓуроски беше најефикасен со 13 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Во Куманово денеска гласаат 64 болни и немоќни лица
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!