На аеродромот во Амстердам се евакуирани патниците од авионот, кој требаше да лета за Париз, Франција, соопштува Агенцијата “Франс прес”. Според податоците на полицијата, причина за евакуацијата на патниците од летот AF1741 која лета на курс од Амстердам до Париз, е публикација на Твитер.
-Ја заборавивте Русија? Чекај да видиме што ќе се случи со AF1741 “Амстердам-Париз”- гласи пораката објавена на социјалната мрежа.
Постот е потпишан со името на крвникот на “Исламска држава” Џихади Џон. Од него, исто така, се најавува за подготвувани терористички напади во Амстердам и Брисел.
Службите за безбедност на Холандија не открија експлозивни направи на авионот, кој летал од Амстердам до Париз.
Ова го соопшти De Telegraaf, повикувајќи се на претставници на воената полиција.
-По претрес на авионот патниците се вратиле на палубата. Никакви сомнителни предмети не се откриени- објавија органите на редот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Некогаш е добро да доцните – пропуштањето на летот му го спаси животот
-
Францускиот премиер Филип критикуван поради сметката од 350.000 евра за приватен лет од Токио
-
Историски лет на „Ер Србија“, до Париз со целосно женски екипаж (ФОТО)
-
Словенците од Париз ќе слетаат во Загреб со бронзата што и ја „украдоа“ на Хрватска