Кошаркарите на МЗТ Скопје, актуелниот првак во домашното првенство загуби од лидерот на табелата во АБА лигата, тимот на Будуќност од Подгорица, со 65-55. Овој трет пораз во низа во регионалната лигата се должи на слабата игра во нападот, што на крај резултира со скор под 60 поени. Со четири победи од десет средби, скопските кошаркари се во долниот дел од табелата. Младиот Љубомир Младеновски го одигра можеби најдобриот меч во сино-белиот дрес сезонава со учинок од 13 поени и осум скока, иако и тој беше меѓу играчите со голем број промашени чисти ситуации под противничкиот кош. Марко Луковиќ реализираше дабл-дабл учинок со 10 поени и 11 скока, а по девет поени постигнаа Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац.
Следниот натпревар за кошаркарите на Алеш Пипан е на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ следниот понееделник против Задар. Во меѓувреме, в среда, „металците“ ќе имаат уште една тешка задача и тоа на домашен терен против досега непоразениот Карпош Соколи во последната средба од 6. коло од Првата лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.