Градската управа на Париз потврди дека во заложничката криза во концертната сала „Батаклан“ се убиени најмалку 80 лица, додека во другите одвоени напади убиени се уште десетици, со што бројката на жртви се искачи на над 150 лица.
Полицијата претходно ја заврши операцијата во салата „Батаклан“ во која се држени заложниците, при што беа убиени двајца напаѓачи, јави репортерката на „Ал џезеира“
Ширум Франција мобилизирани се 1.500 војници, а граѓаните на Париз се повикуваат да не ги напуштаа домовите поради страв од можни напари. Политичките партии ја суспендираа кампањата за регионалните избори.
Репортерот на „Телеграф“ јавува за апокалиптични сцени во салата каде млади луѓе собрани на концерт беа нападнати со бомби, и при тоа многу од нив се убиени и повредени.
Во блиското кафуле е отворена полска болница во која ги водат повредените од концертната сала.
Наоколу одат ужаснати млади луѓе завиткани во кебиња од брзата помош, пренесува „Телеграф“.
-Тројца вооружени со „калшњикови“ облечени со панцири влетаа во салата во која имаше најмалку 1.000 луѓе и почнаа да пукаат.Веројатно има многу мртви. Напаѓачите не носеа маски на лицата и имаа околу 20-30 години, раскажа сведок на настанот.
На сила е полициски час, што е за прв пат откако нацистите го окупираа Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.