| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Ова не е само напад врз Париз, туку и врз човештвото

Американскиот претседател Барак Обама во живот се обрати на јавноста по повод вечершните напади во Париз. Тој истакна дека ова не е напад врз Париз, туку врз човештвото и вредностите што ги споделуваме.

-Заедно сме со францускиот народ, сочувствуваме и ќе соработуваме со сите агенции за пронаоѓање на виновниците- рече Обама.

Тој изрази сочуство до семејствата на загинатите и додаде дека САД веќе мина низ ваква криза, но сеуште не сака да шпекулира за тоа кој е виновен, ситуацијата ќе се следи во деновиве што доаѓаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top