| четврток, 6 декември 2018 |

Путин бил мета на престрелка: Во акцијата учествувале полицајци на Австрија и Германија (фото)

Германскиот весник „Das Deutsche Waffenjournal“, кој е специјализиран за вооружување и наменет за сопствениците на оружје објави текст за четиринаесеттиот по ред тренинг за припадниците на силите на безбедност.

Тренингот бил одржан во една област во Австрија, а учествувале 241 полицаец и телохранители од пет држави: Австрија, Швајцарија, Германија, Луксембург и Монако.

Магазинот DWJ објави и фотографија на претседателот на Русија Валдимир Путин и негговиот телохранител како мети на стрелиштето.

vladimir-putuin-foto-alles-schallundrauch-1447434396-783831

-Мислам дека е повеќе од невкусно претсавниците на законот од горе споменатите земји да пукаат во фотографија на претседателот Путин, напиша еден германски новинар.

-Што сакаа организаротите со тоа да кажат?, праша тој.

Истиот новинар наведува теке тешко е да се замисли обратна ситуација: на пример да се пука во Обама или Меркел и да се користат нивните фигури како мети.

Ова, како што наведува тој, би предизвикало скандал и бурни реакции на Запад.

Меѓу коментарите се појавија и оние кои тврдат дека всушност задачата на тренингот била полицајците да го заштитат Путин. Сепак, како што наведуваат други во коментарите, се поставува прашањето зошто тогаш има „неколку дупки од куршуми во Путин“.

Како и да е , користењето на фотографија на претседателот на една држава, во овој случај постојана членка на Советот за безбедност во ОН и една од најмоќните сили, за цели на ваков тренинг е скандал без преседан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top