Од Пентагон соопштија дека се „умерено сигурни“ оти Мохамад Емфази, милитант на Исламската држава, познат како „Џихади Џон“ загинал во американскиот воздушен напад во ирачкиот град Рака. Во меѓувреме, американски медиуми јавија дека воздушниот напад во ирачкиот град Рака бил изведен без грешка, при што милитантот Емфази бил ликивидиран. Но, британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека останува нејасно дали Емфази загинал во нападот.
Емфази се појави на неколку видео снимки на кои е прикажано убивање на странски заложници. Емфази, кој работел во Лондон како компјутерски програмер е роден во Кувајт и има ирачко потекло. Неговите родители се преселиле во Британија во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.