Исламска држава објави фотографии од британецот Мохамед Емвази, познат како Џихад Џон, кој беше убиен пред неколку месеци.
Џихад Џон се прослави со бројните егзекуции на „неверните“ западњаци пред камери. Набргу се дозна дека станува збор за Арап кој од Кувајт со родителите се доселил во Велика Британија на шестгодишна возраст во 1994 година. Убивал во текот на 2014 и 2015 година кога конечно и самиот беше убиен во воздушните напари на западните сили врз Исламска држава во ноември 2015 година.
Уби американски новинар
Во видеото кое беше поставено на интернет во август 2014 година Џихад Џон, како што го нарекоа неговите заложници поради британскиот нагласок, го уби американскиот новинар Џејмс Фоли.
Во секое видео во кое се појавуваше имаше црна маска за скијање на лицето. Сега исламистите објавија фотографии каде лицето не му е покриено, а позира со калашников крај воени возила.
Не се знае кога настанале снимките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!