Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли денеска беше во официјална посета на болницата „Аџибадем Систина“ каде се запозна со договорот кој минатиот месец оваа болница го потпиша со американскиот производите „Џенерал електрикс“, за набавка на најсовремена медицинска опрема во вредност од 2,5 милиони долари, пишува порталот „Телеграф.мк“.
Целта на високите дипломатски претставници, велат од болницата било запознавање со резултатите од работењето, нејзините капацитети, услови и можности на одделите и специјализираните центри.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е официјален партнер на Амбасадата на САД во Македонија и е максимално посветена на своите пациенти. Тоа се гледа преку процентот на успех во лекувањето, кој се движи и до 99%, велат оттаму.
Амабсадорот Бејли бил информиран и за имплементација на JCI стандардите како највисоки стандарди во глобалното здравство базирани на најстроги критериуми во извршувањето на здравствената нега.
-Добивањето Акредитација од страна на Меѓународната Комисија за Акредитација Joint Commission International, (JCI) кое се очекува да се случи на почетокот од следната година ќе значи официјално позиционирање на „Аџибадем Систина“ на врвот во меѓународниот здравствен систем. Печат за квалитет од комисијата ќе значи печат за болницата-примат во регионот која отпочнува со воспоставување на нови и најквалитетни насоки во здравствената пракса, соопштуваат од „Аџибадем Сиситина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто