Во јануари добитникот на „Златната топка“ беше оставен од руската топ-моделка Ирина Шаек, а како причина за тоа беа наведени изневерувањата на португалскиот фудбалер. Ако мислите дека последниве месеци тој беше осамен, се лажете.
Роналдо сам призна дека една жена не му е доволна. Затоа сега тој одржува неколку паралелни врски.
Минатата вечер ѕвездата на Реал Мадрид беше гостин во шоуто на Џонатан Рос, каде што отворено зборуваше за својот љубовен живот. На прашање на водителот дали во неговото срце има некоја посебна, Роналдо одговори: „Неколку. Треба да дознаам која е најдобра. Некои знаат“, призна Роналдо, додавајќи: „Јас сум нормален“.
– Ако треба да бидам сериозен, не е лесно. Знам дека 50 проценти од жените се заинтересирани за мене само затоа што сум познат … но и тоа е нешто нормално, не сум само јас. Сите познати луѓе имаат слични проблеми. Јас мислам дека сум згоден маж, висок сум, ги имам сите заби, убаво тело – се пошегува тој.
Роналдо беше прашан и за односите со својот син. Тој откри дека има намера на Кристијано Џуниор да му каже која е неговата мајка, но тоа ќе се случи кога ќе биде вистинскиот момент. Кристијано, сепак, нема да го објави нејзиниот идентитет јавно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.