Парискиот хотел „Молитор“, во кој престојувала германската фудбалска репрезентација пред пријателскиот натпревар против Франција, беше евакуиран поради закана со бомба, соопштија американските медиуми.
Заканата била упатена со анонимно телефонско јавување до француската полиција. Претставници на службите за безбедност се на место и претресуваат за експлозивна направа.
Играчите и тренерите го напуштиле хотелот и се упатиле кон блискиот тениски комплекс „Ролан Гарос“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.