| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Постигнавме добри резултати

Постигнавме добри резултати во реформските области и останавме посветени на добрососедските односи, порача премиерот по средбата со Филе

-Имаме мноштво солидни резултати за позитивна одлука на јунскиот самит на ЕУ. Постигнавме добри резултати во петте клучни реформски области и останавме посветени на добрососедските односи- изјави премиерот Никола Груевски  по средбата со еврокомесарот Штефан Филе.

Според премиерот изборите биле според меѓународни стандарди, мирни, компетитивни и во согласност со новите изборни закони, без да го употреби зборот фер и да излезе од оцените на ОДИХР. Тој искажа и подготвеност веднаш да го продолжи дијалогот со новинарите уверувајќи дека сака тој да биде отворен и да се гради меѓусебна доверба. Како реформски постигнувања спомена подготвен извештај за сите случаи против корупција, два нови законски предлози за јавната администрација и на крајот добрососедските односи кои, како што оцени, имаат полно внимание од владата. Вели, иако билатералната комуникација со Грција на високо ниво не е на рамништето што го посакуваме. Најави продолжување на посветеност. Целта според него е да се надминат разликите за спорот со Атина и да се реализира евроинтеграцијата на земјата.

-Пристапниот дијалог ги дава своите резултати и ни помага да ги постигнеме европските стандарди – заклучи премиерот.

Филе најпрво искажа олеснување што првпат од трите посети годинава е тука заради дијалогот на високо ниво, оценувајќи дека од септември кога започна тој биле преземени важни чекори и бил постигнат прогрес, но останува уште многу да се направи. Нагласувајќи дека цел на посетата е и да го види резултатот од договорот од март, тој порача дека политичарите тука ја креираа политичката криза и тие имаат одговорност да ја надминат со тоа што ќе го спроведат.

-Досега тоа не е сторено – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top