Уставниот суд на Турција оцени дека децата нема да може да се вакцинираат без согласност на нивните родители бидејќи тоа му противречи на Уставот, соопшти турската телевизија „Си-Ен-Ен турк“.
Претставници на судот објаснија дека доколку не се направи законска измена за прашањето на задолжителната имунизација, нема како бебињата и децата да примат вакцина без нивните родители да дадат согласност.
Судот утврди дека таквите дејства му противречат на Уставот бидејќи ги пркршуваат членовите за неприкосновеност на личноста и за основните права и слободи.
Одлуката на судот има карактер на преседан. Таа доаѓа во момент кога се зголемува бројот на родителите што не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани врз основа на сознанијата дека вакцините не се безбедни или дека соддржат свинска крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.