Скопје го празнува 13 ноември – Денот на ослободувањето на македонскиот главен град. Овој датум има посебно значење за скопјани низ вековните стремежи за национална слобода.
На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.
По ослободувањето од фашистичкиот окупатор градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Старите скопјани со носталгија се сеќаваат на незаборавните игранки во слободно Скопје, на корзото и пајтоните, на градските маала и култни објекти.
По тој повод денеска со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.